Во израелски напад врз централниот дел на Појасот Газа загинаа најмалку 23 луѓе
- Најмалку 23 луѓе загинаа во израелски напад врз централниот дел на Појасот Газа. При нападот била погодена и зграда во бегалскиот камп Ал Буреиџ, јави Палестинската новинска агенција УАФА (WAFA)
Газа, 29 мај 2025 (МИА) – Најмалку 23 луѓе загинаа во израелски напад врз централниот дел на Појасот Газа. При нападот била погодена и зграда во бегалскиот камп Ал Буреиџ, јави Палестинската новинска агенција УАФА (WAFA).
Според Агенцијата во израелските напади врз палестинската енклава од утрово загинале најмалку 37 луѓе.
Претходно, палестинските власти соопштија дека во израелските напади во текот на ноќта загинале најмалку 13 лица.
Од почетокот на војната во Појасот Газа загинале повеќе од 54.000 Палестинци, а според локалните здравствени власти една третина од убиените биле деца. ми/
фото: ДПА