Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе
- Палестинската цивилна одбрана соопшти дека во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинале 20 луѓе
Газа, 5 јули 2025 (МИА) – Палестинската цивилна одбрана соопшти дека во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинале 20 луѓе.
Портпаролот на Цивилната одбрана, Махмуд Басал наведе дека пет луѓе загинале при воздушен напад врз училиште во градот Газа.
Додека во напад врз друго училиште, каде биле сместени раселени лица загинале три лица, а околу десет се повредени. ми/
фото: МИА архива