• недела, 06 октомври 2024

Во земјината орбита успешно лансиран европскиот сателит „Коперникус Сентинел 2-Ц“ 

Во земјината орбита успешно лансиран европскиот сателит „Коперникус Сентинел 2-Ц“ 

Брисел, 5 септември 2024 (МИА) - Од европскиот космодром во Француска Гвајана минатата ноќ во 03.50 часот успешно беше лансирана ракетата „Вега“, која во земјината орбита го однесе сателитот „Коперникус Сентинел 2-Ц“. 

Како што соопшти денеска Европската комисија, „Сентинел 2-Ц“ ќе доставува најнови податоци и ќе овозможува услуги за набљудување на Земјата за потребите на јавните служби и приватни корисници. 

Ажурираните податоци добиени од сателитот ќе им помогнат на јавните и приватните субјекти да носат поадекватни одлуки и подобро да се справат со итни еколошки предизвици, како што се шумски пожари, поплави и суши. Меѓу другите сфери што ќе имаат корист од овие податоци се и земјоделството, поморството и шумарството. 

Според ЕК, „Сентинел 2-Ц“ ќе го зајакне најнапредниот систем за набљудување на Земјата во светот „Коперникус“. 

„Сентинел 2-Ц“ ќе биде калибриран во наредните месеци, по што ќе стане целосно оперативен и ќе почне да испорачува податоци поврзани со Земјата.  

Проектот е реализирана во соработка меѓу Европската вселенска агенција и француската приватна компанија „Аријанаспејс“, во чија сопственост е ракетата „Вега“. сп/

Фото: Европска комисија

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан