Во Здравствениот дом во Берово почнува со работа невролошка амбуланта
- Во ЈЗУ Здравствен дом Берово од денеска започна со работа нова невролошка амбуланта, наменета за пациентите од територијата на Општина Берово.
Берово, 7 ноември 2025 (МИА) – Во ЈЗУ Здравствен дом Берово од денеска започна со работа нова невролошка амбуланта, наменета за пациентите од територијата на Општина Берово.
Прегледите ќе ги реализира д-р Маја Шоповска Китанова, специјалист по неврологија од Кочани. Со отворањето на оваа амбуланта, жителите на беровскиот регион ќе имаат можност за побрз и полесен пристап до специјалистички здравствени услуги, без потреба да патуваат во други градови.
Од Здравствениот дом Берово апелираат граѓаните навреме да си закажат редовен преглед преку системот „Мој термин“ кај своите матични лекари.
Со ова проширување на услугите, установата продолжува да работи на унапредување на здравствената заштита и подобрување на достапноста на специјалистичките услуги за населението во регионот. вс/аа/
Фото: МИА