• сабота, 27 јули 2024

Во Затворот „Идризово“ откриен тунел за бегство

Во Затворот „Идризово“ откриен тунел за бегство

Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Во затворот „Идризово“ денеска бил откриен тунел за бегство. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ.

- По добиени информации денеска заедно со Директорот на затворот, Шпенд Тахири почнати се активности за отстранување на некои објекти за поголема безбедност и во соработка со други институции, по споделени сознанија, пронајден е тунел, изјави за МИА Стојановиќ.

Тунелот, како што појасни Стојановиќ, не е надвор од периметарот на затвореното одделение, што значи дека нема шанси за евентуално бегство низ него.

Активностите се почнати денеска изутрина и надлежните институции ги преземаат сите потребни мерки.

Тунелот е во делот на затворот каде се сместени затвореници кои издржуваат високи казни. аа/сп/

Остани поврзан