• недела, 22 декември 2024

Во Западна Африка годинава извршени 1.800 терористички напади, при што загинаа 4.600 луѓе

Во Западна Африка годинава извршени 1.800 терористички напади, при што загинаа 4.600 луѓе

Њујорк, 26 јули 2023 (МИА) - Од почетокот на годината, во Западна Африка се случија повеќе од 1.800 терористички напади, во кои загинаа речиси 4.600 луѓе, изјави денеска Омар Тури, претседател на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС).

„Од 1 јануари до 30 јуни оваа година, 4.593 смртни случаи се регистрирани во терористички напади, од кои 2.725 во Буркина Фасо, 844 во Мали, 77 во Нигер и 70 во Нигерија“, рече Туре пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Тој рече дека терористичките напади во Бенин и Того покажуваат дека тероризмот се шири во крајбрежните држави, што претставува „дополнителна закана за целиот регион“.

Тури изјави дека во земјите на ЕКОВАС има половина милион бегалци и дека речиси 6,2 милиони луѓе се внатрешно раселени.

Според него, околу 30 милиони луѓе имаат потреба од храна, а тој број до крајот на следниот месец ќе се зголеми на 42 милиони. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан