• четврток, 26 март 2026

Во завршна фаза велосипедско - пешачка патека во кавадаречко

Во завршна фаза велосипедско - пешачка патека во кавадаречко

Кавадарци, 8 мај 2025 (МИА) - Во завршна фаза е изградбата на велосипедско - пешачка патека во кавадаречко, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.  

- Проектот е многу важен за сите кои уживаат во пешачењето, за рекреативците. Во завршна фаза е новата велосипедско пешачка патека Глишиќ – Марена која е во должина од 854 метри.
Инвестицијата од 10.000.000 денари е на Општина Кавадарци, а изведувач на работите е фирмата Градба промет, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму истакнаа дека континуирано вложувајќи во проекти во урбаните и руралните заедници, локалната самоуправа покажала дека подеднакво  води грижа за сите жители во општината. свд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан