Во експлозија во израелски тенк убиени тројца војници, офицер тешко повреден
- Тајмс оф Израел пренесува дека по првичните проценки дека тенкот бил погоден од граната од рачен фрлач на Хамас, ИДФ сè повеќе верува дека фаталната експлозија е предизвикана од неисправна граната што се самодетонирала во тенкот
Тел Авив, 15 јули 2025 (МИА) - Тројца припадници на израелската армија (ИДФ) беа убиени, а нивниот офицер беше тешко ранет во експлозија на тенк во северниот дел на Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми.
Тајмс оф Израел пренесува дека по првичните проценки дека тенкот бил погоден од граната од рачен фрлач на Хамас, ИДФ сè повеќе верува дека фаталната експлозија е предизвикана од неисправна граната што се самодетонирала во тенкот.
Истражителите сега се обидуваат да утврдат точно што ја предизвикало смртоносната експлозија што се случила во актуелните борби со Хамас во северната окупирана палестинска енклава.
ИДФ објави дека во експлозијата настрадаа наредникот Шохам Менахем (21), наредникот Шломо Јакир Шрем (20) и наредникот Јулиј Фактор (19).
Ранетиот офицер, чие име не е објавено, е хоспитализиран во тешка состојба, соопшти израелската војска.сд/
фото:МИА архива