• четврток, 26 март 2026

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

Каиро, 6 октомври 2025 (МИА) – Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа.

Според египетската телевизија „Ал-Кахера њуз“, разговорите почнале со дискусии за размена на заложници за палестински затвореници.

Египетските и катарските медијатори работат со двете страни за да воспостават механизам за ослободување на сите заложници и размена на палестински затвореници, јави „Ал-Кахера њуз“. ми/

фото: ДПА

 

Остани поврзан