• петок, 05 декември 2025

Во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски" - Велес се одржа показна вежба за заштита од пожар

Во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски

Велес,14 ноември 2025 (МИА) - Учениците и вработените во Државното средно училиште РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес успешно реализираа показна вежба за евакуација во случај на пожар.

Вежбата „Начин на однесување во кризни ситуации“ ја реализираа во соработка со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Велес, со волонтери на Општинската организација на Црвен крст, Дирекцијата за заштита и спасување, екипи на СВР Велес и службата на Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом од Велес.

Како што информира за МИА професорката Христина Трајкова од ова најголемо средно училиште во Велес, целта на вежбата била учениците да се запознаат  со начинот на евакуација и брза интервенција во случај на  пожар.

-Посебно важно беше учениците да се обучат за совладување на паниката при интервенција при евентуален пожар и посебно да се обучат како безбедно и организирано да се евакуираат од училиштето, појасни Трајкова. 

Вакви покажни вежби на ТППЕ Велес и Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Црвениот крст, полицијата и еипата на Итната помош во текот на годината  се организираат континуирано и во другите велешки училишта и институции. ад/мд/

Фото: ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ Велес 

Остани поврзан