Во ДР Конго загинаа 129 луѓе при обид за бегство од затвор
- Најмалку 129 луѓе загинаа при обид за бегство од затвор во главниот град на Демократска Република Конго, Киншаса
Киншаса, 3 септември 2024 (МИА) – Најмалку 129 луѓе загинаа при обид за бегство од затвор во главниот град на Демократска Република Конго, Киншаса.
Затворениците синоќа се обидоа да побегнат од затворот Макала откако административната зграда и диспанзер беа зафатени од пожар.
Помеѓу загинатите има 29 жртви убиени од огнено оружје по предупредувањата од стражарите. Во инцидентот повредени се 59 лица.
Макала е најголем затвор во ДР Конго со капацитет од 1.500 места, но во објектот има околу 12.000 арестанти, од кои поголемиот број чека судење. ми/
фото: МИА архива