Во Долни дисан утре Треил трка за вино и љубов
- На плоштадот во Долни Дисан, Неготино, утре ќе се одржи втората Треил трка за вино и љубов, единствена од ваков тип во земјава.
Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - На плоштадот во Долни Дисан, Неготино, утре ќе се одржи втората Треил трка за вино и љубов, единствена од ваков тип во земјава.
- Последниот зимски, а првиот пролетен празник Св. Трифун е идејата од која произлезе оваа трка чија крајна цел е промоција на винскиот Дисански крај и на Неготино. Инспирацијата, пак, за Треил трката за вино и љубов е по примерот на винските трки во Франција и Италија, замислата е да биде малку забава и повеќе дружење. Трката дава можност да се ужива во природата, во виното и во љубовта и денот да почне со радост. Токму тоа е и мотото: „Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот“, посочуват организаторите на трката.
Во треил трката, велат тие, не е најважно да стигнеш прв туку поважно е учесниците да застанат на двете окрепителни станици каде што задолжително ќе мора да дегустираат дел од понудата од локално производство.
Трката е во организација на ДЕКОНУС ДООЕЛ-Скопје, со поддршка од Општина Неготино и Планинарското друштво „Free hikers” од Неготино. ев/мд/