• среда, 10 јули 2024

Во Демир Капија презентација на користење податоци од мобилни апликации за смарт земјоделство 

Во Демир Капија презентација на користење податоци од мобилни апликации за смарт земјоделство 

Демир Капија, 27 јуни 2023 (МИА) - Во Демир Капија се одржа информативна презентација за правилно користење податоци од мобилни апликации за смарт земјоделство, вовед во нов софтвер и надградба на постоечкиот.

Како што информира попладнево градоначалникот Лазар Петров, моментно во Општина Демир Капија има пет мерни станици на различни локации, како дел од проектот „Инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија“. Сите одлично функционираат и вршат електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделските обработливи површини.

- Постоечката апликација METEOBOT е апликација за метеоролошка станица, специјализирана за прецизно земјоделство, која дава информации во реално време за временските услови и почвата во вашите полиња – директно од Метеобот метеоролошките станици. Како надградба на овој технолошки систем, е формирана апликацијата Agrio.mk која претставува практична дигитална алатка за прогноза на болести, со примена на сензори и навремено преземање на превентивни мерки за заштита. Со ова, целосно се олеснува работата, зголемувањето на приносите и истовремено намалување на трошоците во производство, нагласи градоначалникот. 

За сите заинтересирани кои не успеаја да присуствуваат на презентацијата, ќе биде организирана уште една информативна средба до крајот на годината. Подетални информации и упатства наскоро ќе бидат објавени и на веб – страницата на Општина Демир Капија. свд/мч/

фото: градоначалник Лазар Петров 

Остани поврзан