• недела, 05 мај 2024

Во Делчево презентирани завршните активности од прекуграничниот проект „Културен мост низ вековите“

Во Делчево презентирани завршните активности од прекуграничниот проект „Културен мост низ вековите“
Делчево, 20 август 2021 (МИА) - Во Делчево презентирани завршните активности од прекуграничниот проект „Културен мост низ вековите“. Проектот се реализира преку Центарот за развој на Источен плански регион со седиште во Штип, а во рамки на денешниот настан во Делчево, како што информираше координаторот Зуица Ангелова, беа презентирани  туристичките и природни потенцијали на Општина Белица која е партнерска општина од Република Бугарија. -Се работи за проект финансиран од Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Денес домаќин е Општина Делчево, а гости се нашите партнери од Општина Белица кои што во овој периодот ќе се обидат да ги презентираат туристичките и природни потенцијали на нивната општина и со самото тоа да не запознаат како една мала општина со 5000 жители се развива толку многу, најмногу благодарение на соработката со Општината, невладиниот сектор и државата, рече Ангелова. Додаде дека во рамки на проектот со претставници од државни институтции и невладиниот сектор, реализирана е посета на Општина Белица во чии рамки во изминатиот период реализирани се повеќе обуки за јакнење на капацитетите, а биле разгледани и можностите за соработка помеѓу партнерски организации во насока на развивање и идентификување нови прекугранични проекти, кои би се реализирале преку новите повици во периодот после 2022 година. -Во рамки на овој проект сакам да кажам дека во Општина Штип, направивме конзервација и пристапна патека на средновековна црква „Св.Власие“ кај археолошкиот локалитет Исар. Тоа беше поттик за овој проект, додека Народното читалиште во Белица изврши комплетно внатрешно уредување на своите простории за што на 31 август годинава сме поканети како гости да го видиме тој објект, додаде Ангелова. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој изрази задоволство што присутните ќе имаат можност да се запознаат со историјатот, културата, традицијата и туристичкиот потенцијал на Општина Белица. Тој изрази надеж дека преку можностите кои ги нуди Програмата за прекугранична соработка во рамки на фондовите на ЕУ и во иднина ќе се реализираат проекти за подорбување на квалитетот на живот на граѓаните од двете страни на границата. -Од 2009 година наваму, Источно-планскиот регион има реализирано повеќе проекти, врз основа на кои е научено како заедно да се сорботува и да се креира развојот од двете страни на границата. Во таа насока и Општина Делчево како погранично место има реализирано поголем проект со општина Благоевград, преку кој беа заменети живините светилки со лед енергетски ефикасни светилки во двете општини како партнери, со што придонесовме да имаме поголема заштеда на буџетот како и намалување на штетното влијание врз животната средина, рече Трајковски. Општина Делчево како што додаде тој, веќе има подготвено проекти за регулација на коритото на река Брегалница, за кои очекува преку преку идните повици од Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија истите да бидат реализирани. За Маја Падарева, секретар на Народното читалиште во Белица, „Културен мост низ вековите“ е проект кој ги обединува луѓето од двете страни на границите. -Во исполнувањето на „меките“ мерки од проектот, нашите пријатели од Македонија беа кај нас во Белица и мислам дека беа задоволни од туристичките атракции и потенцијалот кој го имаме. Иако Белица е мала општина, таа е со древна историја, со богата флора и фауна и овде пред Вас, упатуваме отворена покана да не посетите и некој ден да ви кажеме добредојдовте во Белица, рече Падарева. Заедничкиот проект е со буџет од 400.000 евра за двете страни и е финансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка со кофинансирање од Министерството за локална самоуправа на РСМ. Проектот се одвиваше во времетраење од 24 месеци и истиот официјално ќе заврши на 3 септември 2021 година. вс/аа/

Остани поврзан