• четврток, 25 април 2024

Во Делчево отворена изложба на слики од ликовниот уметник Драган Кузмановски

Во Делчево отворена изложба на слики од ликовниот уметник Драган Кузмановски
Делчево, 25 октомври 2022 (МИА) - Во Делчево отворена е изложба на слики од ликовниот уметник Драган Кузмановски. Изложбата е во организација на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“, а поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
-Авторот Драган Кузмановски со сликарство се занимава скоро 20 години, а неговите мотиви се инспирирани од непосредни доживувања и живописни места во Северна Македонија, истакнаа од делчевскиот Центар за култура.
Делата, како што додаде Кузмановски, се работени во маслена и акрилна техника на платно.
-Акцентот е на руралната архитектура со мотиви од старата македонска архитектура, истакна Кузмановски.
Изложбата на авторот Драган Кузмановски е негова седма самостојна изложба. вс/мд/

Остани поврзан