• петок, 22 ноември 2024

Во Дебар ќе почне реализација на инфраструктурен проект во интерес на ромската заедница

Во Дебар ќе почне реализација на инфраструктурен проект во интерес на ромската заедница

Дебар, 3 август 2023 (МИА) - Општина Дебар најави реализација на значаен инфраструктурен проект во интерес на ромската заедница и сите други граѓани на оваа општина.

-Европскиот совет и програмата „РОМАКТЕД“ фаза 2, заедничката програма на Европската унија и Европскиот совет одобрија средства во износ од 10 илјади евра, во рамки на проектот „Промовирање на доброто управување и зајакнување на Ромите на локално ниво", информираа попладнево од Општина Дебар, по добиената информација за одобрениот проект.

Со финансиските срества од овој проект се очекува да бидат реализирани неколку зафати и тоа поставување заштитна мрежа во населба „Намазјар", санирање на оштетувања на улицата „Танас Топаловски“, обезбедување на водоводната мрежа и обнова на потпорниот ѕид.

Населбата „Намазјар" е со мешан состав на населението, но најбројни се припадниците на ромската заедница. вт/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан