• недела, 22 декември 2024

Во Дебар реализирана првата фаза за третман против глодари

Во Дебар реализирана првата фаза за третман против глодари

Дебар, 5 август 2023 (МИА) - Во рамки на програмата на општина Дебар за заштита од разни заразни и паразитски заболувања, што ги пренесуваат глодарите, денеска е реализирана првата фаза на дератизација (третман против стаорци) во градот, информираа од општината.

Додаваат дека тоа со цел да се обезбеди почиста и побезбедна животна средина. 

-Третманот се вршеше со поставување стапици на  капаците на 60 шахти во постојната канализациона мрежа за елиминирање на штетните глодари, посочуваат од општината.

Оценуваат дека на овој начин ќе се елиминира големиот ризик што го носат глодарите и ширењето на заразни и паразитски болести кај животните и луѓето, како  и големата штета што ја нанесуваат на економијата. вт/сст/


ФОТО: МИА

Остани поврзан