• петок, 26 април 2024

Во Дебар почна традиционалниот турнир во мал фудбал

Во Дебар почна традиционалниот турнир во мал фудбал

Дебар, 5 август 2023 (МИА) - Под покровителство на општина Дебар почна традиционалниот турнир во мал фудбал.

Натпреварите се одржуваат во големата спортска сала а во трката за годинешниот трофеј се 12 екипи. Финалниот натпревар ќе се одржи на 11 месецов во 21 часот.

Турнирот кој е во рамки на повеќето предвидени активности од манифестацијата "Дебарско лето 2023",  за отворен го прогласи градоначалникот Хекуран Дука.

- Топол и искрен поздрав до  публиката и сите учесници.  Порачувам натпреварите да минат во спортски  дух и нека победи најдобриот во фер натпреварување. Како локална власт ветувам дека ќе продолжиме да ја поддржуваме оваа, но и сите спортски и културни активности, рече меѓу другото Дука.

Посебна благодарност,  за присуството на трибините, упати до иселениците кои се тука во родниот крај, каде ги минуваат одморите.

Ова е последователна спортска активност во градот, во рамки на "Дебарско лето 2023".  

Претходно се одржа тенискиот турнир, на кој во конкуренција на 22 натпреварувачи најдобар беше и пехарот го доби Емин Врзиволи, познат стоматолог од Дебар. вт/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан