• вторник, 24 декември 2024

Во Дебар од сообраќај исклучени возила со неисправни сопирачки

Во Дебар од сообраќај исклучени возила  со неисправни сопирачки

Дебар, 8 февруари 2023 (МИА) -  Полициските службеници од полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај, во текот на вчершниот ден, при спроведени сообраќајни контроли во Дебар, на вонреден технички преглед упатиле четири моторни возила. 

-Притоа, кај две возила бил утврден неисправен уред за сопирање по што се исклучени од сообраќај. Против возачите се поднесени соодветни платни налози, рече Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. 

Според него при спроведена контрола во патниот сообраќај, полициските службеници затекнале 4 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење, тројца надвор од населено место и еден во населено место). Против нив се поднесени соодветни платни налози. вт/сст/

Остани поврзан