Во Дебар одржан детскиот фестивал „Биљбиљат е Корабит 2023“
- Настапија изведувачи и автори од Дебар, Тетово, Охрид и од Куманово, како и од Косово и од Албанија. Беа изведени 22 нови авторски композиции, придружувани од хорчето на фестивалот.
Дебар, 27 мај 2023 (МИА) - Во концертната сала при Центар за култура - Дебар, се одржа 13. издание на фестивалот на детски песни на албански јазик „Биљбиљат е Корабит 2023“ ( славејчињата на Кораб).
Настапија изведувачи и автори од Дебар, Тетово, Охрид и од Куманово, како и од Косово и од Албанија. Беа изведени 22 нови авторски композиции, придружувани од хорчето на фестивалот.
Присутните ги поздрави директорот на фестивалот Зинче Мимидиноски, познат композитор од Дебар. Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Дебар, Хекуран Дука.
- Општина Дебар со години наназад, а и во иднина, ќе го поддржува овој познат фестивал под раководство на познатиот дебарски композитор Зинче Мимидиноски. Посакувам убава дружба и пријатни мигови, рече меѓу другото Дука.
По изведбата на песничките, директорот соопшти дека овој пат сите се победници.
- Оваа година победници се сите учесници и на сите ним им доделуваме Гранд при дипломи и статуетки на фестивалот, заради фактот што сите песни беа предобри, затоа што секоја песна можеше да биде победник, додаде Мимидиноски.
Тој врачи и благодарници и тоа на градоначалникот Дука, на Артин Спахиу, поранешен директор на Центар за култура-Дебар, Сабрие Рахими, режисер и Лумтурие Хајро, новинар на МРТВ втора програма и на Кенан Мимидиноски, главен и одговорен уредник на регионалната ТВ 3.
Фестивалот е финансиран од страна на Министерство за култура и Општина Дебар. Помогнат и од страна на Центар за култура – Дебар. вт/бд/
Фото: МИА