• четврток, 30 јануари 2025

Во Дебарско лани родени 176 бебиња, од нив 153 во општина Дебар и 23 во општина Центар Жупа

Во Дебарско лани родени 176 бебиња, од нив 153 во општина Дебар и 23 во општина Центар Жупа

Дебар, 28 јануари 2025 (МИА) – На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, минатата година на свет дошле 176 бебиња, од нив во општина Дебар 153 и општина Центар Жупа 23, што гледано во целина бројката е помала за десеттина бебиња споредено со претходната година.

Како и изминатите години повеќе од мајките своите рожби на свет ги донеле во гинеколошките одделенија во општите болници во Охрид и Струга, како и во здравствени установи во Скопје, Тетово и други градови во државава.

-Конкретно во струшката болница евидентирани се 28 породувања на жени од Дебарско, во Охридската болница 51, во здравствени установи во Скопје 53, а останатите во болниците во другите градови од државава, рече за МИА, Сихана Колеци од дебарската болница.

Според неа, од вкупната бројка само пет од новороднчињата се во гинеколошкото одделение во дебарската општа болница со проширена дејност, која со својата активност ги покрива двете општини. И претходната година во ова одделение имало пет бебиња, што беше за 13 бебиња помалку, споредено со 2022 година.

Намалувањето на наталитетот се должи на масовното иселување на младата популација во земјите на Европската Унија и во Соединетите Американски Држави. Тука секако и определбата на семејствата да имаат две, најмногу до три деца, наспроти некогаш кога едно семејство имало и по четири, пет и повеќе деца. вт/дма/

 

Фото: МИА/ МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан