• четврток, 26 март 2026

Во дебарската болница доделени решенија на 19 лица кои со години работеа со договор на дело

Во дебарската болница доделени решенија на 19 лица кои со години работеа со договор на дело

Дебар, 1 август 2025 (МИА) - Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, доделени се решенија на 19 лица, кои, со години работеле со договор на дело.

-Повеќе од задоволство и гордост за мене е, да се види насмевка на 19-те лица кои до сега работеа со договор на дело.   Како никогаш досега поделени се толку решенија за работа во ист ден. Нема да бидат нескромен но ќе кажам дека она што беше примарно по преземањето на функцијата директор во нашата болница, денес стана реалност. Со ова значително го подобруваме и зајакнуваме капацитетот на болницата, во интерес на жителите од нашето подрачје. Честитки и успех на сите, рече Мерсим Колеци, директор на болницата.

Како што изјави за МИА, решенија се доделени на 6 лекари, исто толку медицински сестри, како и на двајца лаборанти и четворица технички персонал, додавајќи дека од денес тие ги уживаат сите права и обврски што ги чекаа со години.
Дебарската болница со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа а во итни случаи дава услуги и за жителите на подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Оваа здравствена установа има 177 вработени, вбројувајќи ги и нововработените. вт/

Фото: Општа болница-Дебар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан