Во Градско отворено ново детско игралиште
- Во населбата Стопанство во Градско, комплетно е уредено детско игралиште со реквизити за сите возрасти на деца, информира градоначалникот Киро Нацков.

Велес, 27 мај 2024 (МИА) - Во населбата Стопанство во Градско, комплетно е уредено детско игралиште со реквизити за сите возрасти на деца, информира градоначалникот Киро Нацков.
Тој појасни дека средствата се обезбедени од буџетот на Општина Градско.
-Среќно и весело детство на секое дете во општината, тоа е наша првенствана заложба. Во наредниот период ќе работиме на поставување детски игралиште и во другите населени места во општината, најави Нацков.
Општина Градско е една од ретките во земјава каде има бесплатен оброк за учениците и бесплатен престој во градинка за најмладите, а општината доделува и стипендии за најдобриот основец, средношколец и студент.ад/вј/
Фото: Општина Градско