Во Градско во тек крводарителска акција
- Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со месната организација на Црвен крст Градско и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје ја организира денешната акција за доброволно дарување на крв која започна во 9 и ќе трае до 15 часот.

Велес, 10 август 2024 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со месната организација на Црвен крст Градско и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје ја организира денешната акција за доброволно дарување на крв која започна во 9 и ќе трае до 15 часот. Собрани се и првите количества на крвни единици, а освен редовите се вклучуваат и нови крводарители, информира за МИА Орце Николов секретар на ООЦК Велес.
Тој воедно ги повикува жителите на Градско и останатите населени места во Општина Градско да дојдат во Домот на културата „Крсте Мисирков“ во Градско каде се изведува акцијата и да даруваат крв за да спасат нечиј живот. ад/ир
Фото:МИА