• понеделник, 23 декември 2024

Во Гостивар со 20 милиони денари ќе се решаваат проблемите со аерозагадувањето

Во Гостивар со 20 милиони денари ќе се решаваат проблемите со аерозагадувањето

Гостивар, 18 септември 2024 (МИА) – Граѓаните, невладините организации и претставници на институции преку форумски сесии ќе го изберат најдоброто решение за проблемите со аерозагадувањето во гостиварската општина приоритетите ќе се изберат на форуми.

Раководителот на општинскиот Секторот за екологија, Зуди Џелили на првата сесија вечерва напомена дека е важно да се слушне мислењето на граѓаните и предлозите на сите учесници.

- Во првата фаза се запознаваме со проблемот, а преку втората форумска сесија со гласање ќе се определат приоритетите и конкретни предлози. Зависно од вредноста и обемот на предлозите, може да биде еден или два помали. Тие би требало да се спроведат наредната година, рече Џелили.

Финансирањето ќе биде со средства од општинската каса и УНДП со вредност од 20 милиони денари.

Првиот човек на општината на сесијата напомена дека локалната самоуправа со загадувањето се справува со годишната програма. При тоа тој посочи дека има е во функција мрежа од мерни станици кои ги следат критичните точки, а

доколку годинава тоа го дозволи финансиската состојба ќе има и субвенционирање на инвертери и велосипеди.

- Се надевам дека доколку финансиските услови ни дозволат и оваа година и наредната ќе имаме такви мерки. Исто така, учествуваме и во Недела на мобилност, во чии рамки се организира Ден без автомобили, со што ги мотивираме граѓаните повеќе да користат велосипеди и да се движат пеш, рече вд градоначалникот Ваљбон Лимани.

Пред учесниците на форумската сесија беше презентирано и дел од истражувањето на стручњаци од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип за

од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ во кој Гостивар е еден од петте вклучени градови.

- Специфично за Гостивар е минералната прашина од околината, каменоломите кои ги има во поголем број и околните градежни активности. Вредностите просечно ги надминуваат дозволените норми, но некаде за 10-15%, што не е случај со другите поголеми градови. Доколку се спроведат препорачаните мерки, тогаш Гостивар ќе има почист воздух, рече професорот Дејан Мираковски.

Според препораките, за почист воздух потребно е да се намали енергетската сиромаштија, начинот на затоплување на домовите, палењето на оган на отворено, миење на улиците и поригорозна контрола индустриските капацитети. Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и УГД, а е финансиран од Шведска.згм/са/

Фото. МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан