• четврток, 16 мај 2024

Во Гостивар одбележан Меѓународниот ден лицата со Даунов синдром

Во Гостивар одбележан Меѓународниот ден лицата со Даунов синдром

Гостивар, 21 март 2023 (МИА) – Активисти од граѓански здруженија, вработени во општинската администрација, социјални работници и граѓани на симболичен начин и со повеќе активности го одбележаа Светскиот ден на лицата со даунов синдром.

Во организација на Oпштина Гостивар, одбележувањето започна во градскиот парк пред градското обележје (Го сакам Гостивар) на кејот на Вардар, каде градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, со своите колеги и претставници на здруженија и центри кои работат со лица со попреченост ги обоија дланките со сина и жолта боја, ставаа отпечатоци на обележјето.

Градоначалникот Таравари рече дека веќе петта година во Гостивар се одбележува Меѓународниот ден на Даунов синдром истакна дека во овој период е вложено во подобрување на условите за животот на овие лица.

- Традиционално го одбележуваме овој ден и го користиме за заеднички средби. Неколку години наназад работиме на отворање на посебни паралелки за лицата со посебни потреби, во адаптирање на тоалети, пристап, а отскоро има центар за аутизам. Но, никогаш не е доволно, бидејќи овие луѓе треба да бидат секојдневно во нашето внимание, изјави Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.

Средбата продолжи со ручек во ресторанот „Вита Аби“, каде градоначалникот Таравари и општинската администрација послужија храна за овие лица.

Во денешните активности беа вклучени Здружението за лица со посебни потреби „Заедно можеме“, Дневниот центар за деца со посебни потреби и учениците од двете посебни паралели на ОУ „Исмаил Ќемали“ и „Мустафа Кемал Ататурк“. згм/сст/

фото Општина Гостивар

Остани поврзан