• недела, 22 декември 2024

Во Горно Јаболчиште ќе се гради обиколница

Во Горно Јаболчиште ќе се гради обиколница
Велес, 27 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски и  директорот на Центар за развој на Вардарски плански регион, Сашо Мошев, потпишаа договор за изградба на обиколница во село Горно Јаболчиште. Како што информира денеска градоначалникот Стојановски, договорот е дел од проектот „Развој и унапредување на патната инфраструктура за поголема безбедност на патишта". Тој појаснува дека средствата за оваа намена, во висина од 6.794.000 денари, се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а Општина Чашка учествува со сопствени средства во износ од 572.547 денари. - По потпишување на договорот, следува почеток на тендерската постапка за избор на изведувач на градежните активности. Градиме по план, обезбедуваме квалитетна инфраструктура за сите жители во Општина Чашка, потенцира Стојановски. ад/цр  

Остани поврзан