• недела, 22 декември 2024

Во гимназијата во Центар Жупа само еден матурант на македонски и 13 на турски наставен јазик

Во гимназијата во Центар Жупа само еден матурант на македонски и 13 на турски наставен јазик

Дебар, 2 март 2024 (МИА) – Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа тековнава учебна година средното обрзование го завршуваат 14 ученици, што е за три помалку споредено минатата.

-Во нашата гимназија имаме 14 матуранти од нив еден е на македонски наставен јазик и е пријавен за полагање училишна матура. На турски наставен јазик се 13 од кои 10 се пријавени за полагање државна, додека тројца за училишна матура. Минатата учебна година средното образование го завршија 17 ученици, што е за тројца помалку, изјави за МИА,  директорот на гиназијата Сабри Асан.

Во оваа образовна установа во учебната 2023/ 2024 година настава следат вкупно 90 ученици на двата наставни јазика.

Главната причина за се помалиот број ученици, како во средното така и во двете основни училишта, е масовната миграција. Во некоја од европските земји, главно во Италија, Германија и Швајцарија, се околу 70 отсто од поранешните жители на ова општина. вт/лв/

 Фото: МИА

Остани поврзан