• петок, 22 ноември 2024

Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани

Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани

Берлин, 25 април 2024 (МИА) – Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин и во Бранденбург откриле повеќе од сто килограми кокаин во пакетите со банани.

Полицијата почна истрага и се вршат проверки во маркетите, бидејќи не е познато колку дрога има во пакетите со банани, како и во колку продавници се дистрибуирани такви пратки.

Во Бранденбург во најмалку четири продавници пронајдени се од 20 до 100 килограми кокаин скриен во пакетите со банани. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан