• петок, 19 април 2024

Во Германија ќе бидат затворени четири од петте руски конзулати

Во Германија ќе бидат затворени четири од петте руски конзулати

Берлин, 31 мај 2023 (МИА) - Германија денеска објави дека и наредила на Русија да затвори четири од нејзините пет конзулати во државата како соодветна мерка откако Москва воведе ограничување на бројот на вработени во Германската амбасада.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави дека по крајот на годината на Русија ќе и биде дозволено да ја задржи својата Амбасада во Берлин и уште еден Конзулат. 

- Целта на мерката е да се постигне паритет во бројот на вработени и структурите на двете земји, истакна Бургер.

Руската Влада неодамна соопшти дека до 350 претставници на германската држава, вклучително и оние кои работат во културните институти и училишта, би можеле да останат во земјата. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан