• недела, 22 декември 2024

Во Германија литар бензин наскоро може да чини 2,5 евра

Во Германија литар бензин наскоро може да чини 2,5 евра
Берлин, 8 март 2022 (МИА) - Поради украинската криза, цените на горивата ширум светот постојано растат, како што е случајот во Германија, каде што возачите треба да платат повеќе од две евра за литар бензин и дизел. На голем број бензински пумпи цената на бензините веќе е над две евра. Така, на пример, во Минхен, на бензинската пумпа, типот на супер Е10 чини 2.129, а супер плус 2.259 евра за литар. Експертите посочуваат дека не се гледа крајот на поскапувањето на нафтените деривати. Економистот од Дизелдорф проф. Јустус Хаукап за „Билд“ изјави дека сегашната цена на нафтата на светскиот пазар од 140 долари не е крај на растот, туку дека ќе достигне 200 долари. „А, кога ќе порасне цената на суровата нафта, тогаш ќе порасне и цената на нафтените деривати на бензинските пумпи. На тој начин цената на бензинот ќе достигне 2,50 евра за литар“, прогнозира германскиот економист. Штефен Бок, основачот на страницата за споредба на цената на горивото на бензинските пумпи „clever-tanken.de“, исто така истакнува дека зголемувањето на цената на горивото на 2,50 евра веќе не  може да се исклучи. Експертот за социјални прашања на ЦДУ, Марк Бјадац во врска со тоа бара намалување на ДДВ од 19 на седум отсто. паг/  

Остани поврзан