• четврток, 04 декември 2025

Во Гевгелија гостува Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Во Гевгелија гостува Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Гевгелија, 26 септември 2025 (МИА) - Во Народниот театар во Гевгелија вечер гостува Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје со целовечерен концерт „Од Вардар за Вардар“.

Како што информираат од Општина Гегелија, гостувањето е во рамки на Манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“, а влезот е бесплатен.

Се додава дека настанот е дел од јубилејниот проект „Од Вардар за Вардар“, кој се реализира по повод 25 години од постоењето на хорот. Проектот опфаќа турнеја низ повеќе градови во Македонија, при што Гевгелија е четвртата дестинација по Гостивар, Велес и Градско.

Хорот ќе настапи под уметничко раководство на диригентката Јасмина Ѓорѓеска Каро, со репертоар составен од хорски композиции од различни жанрови, периоди и автори.рт/вј/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан