• среда, 15 мај 2024

Во водите на Вардар во Тетовско најдено безживотно тело на 52 годишник по кого се трагаше изминативе недели

Во водите на Вардар во Тетовско најдено безживотно тело на 52 годишник по кого се трагаше изминативе недели

Тетово, 22 август 2023 (МИА) - По речиси три недели потрага денеска е најдено безживотното тело на 52 годишниот Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница.

По него се водеше потрага од 6 август, откако ноќта помеѓу 4 и 5 август излегол од дома и оттогаш не се вратил во Теново.

- Денеска 22 август во 15 часот во СВР Тетово пријавено е дека во водите на реката Вардар, во близина на месноста Бриони и старото фудбалско игралиште, закачено на дрво, било пронајдено безживотното тело на И.Р.(52) од тетовско Теново. Екипи од тетовската Територијална противпожарна единица и СВР Тетово попладнево го извлекле телото на брегот. Увидна екипа на СВР Тетово во координација со Јавен обвинител извршиле увид, а ќе се врши и обдукција, информираат од СВР Тетово.

Во потрагата учествуваа Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани.ас/свс

Фото: МИА архива

Остани поврзан