• среда, 25 декември 2024

Божиќна претстава и новогодишни пакетчиња за децата на вработените и советниците во општина Ѓорче Петров

Божиќна претстава и новогодишни пакетчиња за децата на вработените и советниците во општина Ѓорче Петров

Скопје, 25 декември 2024

Децата на вработените и советниците во Општина Ѓорче Петров денеска добија новогодишен подарок од општината – изведба на преубавата божиќна претстава „12 божиќни денови“ на МНТ, како и новогодишни пакетчиња во пресрет на празничните денови.

Пакетчињата им ги подели лично Дедо Мраз, а тие му ги кажаа своите најискрени желби за следната година. Сите заедно, со многу позитивна енергија, го поздравија новогодишниот момент, надевајќи се дека 2025-тата година ќе биде година исполнета со успех, здравје и многу магија.

На настанот се обрати градоначалникот Александар Стојкоски кој им посака на сите присутни да ја започнат новата година со насмевки и радост, здрави, среќни и весели.

-Секогаш ми е големо задоволство да поминувам моменти со децата – тие се малите ѕвезди кои сјаат со својата неисцрпна енергија, чиста радост и искрена љубов  - рече Стојкоски.

Во оваа празнична сезона, нагласи, на сите ви посакувам многу среќа, љубов и топлина. 

-Нека новогодишните денови бидат исполнети со незаборавни моменти. Среќни и благословени празници – додаде градоначалникот Стојкоски. 

Општина Ѓорче Петров

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Општина Ѓорче Петров

 

Остани поврзан