• петок, 05 декември 2025

Во Виница почна ангажман на невработените лица во програмата Општинско-корисна работа

Во Виница почна ангажман на невработените лица во програмата Општинско-корисна работа
Виница, 4 јули 2022 (МИА) – Со потпишување на договорите за работа, во просториите на општина Виница денеска беше означен почеток на програмата Општинско-корисна работа за 2022/23 година. Во програмата годинава се ангажирани 11 невработени лица, кои почнуваат работен ангажман во рамки на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2022 година, преку проектот „Грижа за стари лица“. - Ангажираните лица склучија договор во траење од девет месеци, при што оние кои не поседуваат соодветен сертификат за работните задачи што ќе ги извршуваат, ќе посетуваат задолжителна обука во траење од три месеци. За извршените услуги ќе им биде исплаќан паричен надоместок во бруто износ од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход. Исто така, во надоместокот е вклучено и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест, истакнаа од Општина Виница. Придобивките од овој проект се намалување на бројот на невработени во општината, а со со обука и стекнување работни вештини да бидат конкурентни на пазарот на трудот. Освен тоа, целта е да се зголеми социјалната услуга и да се подобри квалитетот на животот на лицата во социјален ризик. та/цр

Остани поврзан