Во Виетнам почна тридневниот Самит на АСЕАН
- Во Лао, Виетнам денеска почна тридневниот Самит на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН), на кој една од главните теми ќе биде мировниот процес во Мјанмар
Ханој, 9 октомври 2024 (МИА) – Во Лао, Виетнам денеска почна тридневниот Самит на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН), на кој една од главните теми ќе биде мировниот процес во Мјанмар.
На дневен ред на Самитот е и ситуацијата во Јужно Кинеско Море, по неодамнешните тензии помеѓу Кина и од друга страна Филипини и Виетнам.
Кризата на Блиски Исток и војната во Украина исто така ќе бидат теми на Самитот.
АСЕАН, е организација за политичка, економска и културна соработка помеѓу земји од Југоисточна Азија, формирана на 8 август 1967 година, на иницијатива на Индонезија, Малезија, Филипини, Сингапур и Тајланд. Подоцна им се приклучуваат Брунеи, Камбоџа, Лаос, Мјанмар и Виетнам. АСЕАН одржува самит секоја година во ноември, а комуникацијата се одвива на англиски јазик. ми/
фото: ЕПА