• сабота, 21 февруари 2026

Во Велика Британија издадено предупредување за обилни дождови во следните два дена

Во Велика Британија издадено предупредување за обилни дождови во следните два дена

Лондон, 25 јануари 2026 (МИА) - Британската метеоролошка служба денеска издаде жолт метео аларм поради обилни дождови во следните два дена, кои би можеле да предизвикаат локални поплави и прекини во сообраќајот во јужна Англија, Велс и Северна Ирска, објавија денеска британските медиуми.

Првото предупредување на метеоролозите се однесува на централните и јужните делови на Северна Ирска, каде што невремето би можело да предизвика прекини во автобускиот и железничкиот сообраќај, како и локални поплави, објави Скај њуз.

Метеоролозите издадоа и метео-аларм за југозападна Англија и областите подалеку на исток, речиси до Портсмут и Оксфорд на север. рп/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан