• среда, 10 јули 2024

Во Велес целосно реконструиран дел од улицата „Петре Прличко“

Во Велес целосно реконструиран дел од  улицата „Петре Прличко“

Велес,10 јули 2024 (МИА) - Општина Велес преку ангажирана градежна фирма заврши  со реконструкција на дел од улицата „Петре Прличко“ што води од Градскиот пазар кон Автобуската станица. Како подготовка најпрво беше извршено  гребење на стариот асфалт, по што беше поставен нов асфалтен слој на улицата.

Улицата е реконструирана со средства од општинскиот буџет.

Од Општина Велес најавуваат дека градежни активности на левата страна на градот продолжуваат. ад/са/

Фото: Оптина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан