• четврток, 26 март 2026

Во Велес утре стартува Европска недела на мобилност 2025

Во Велес утре стартува Европска недела на мобилност 2025

Велес, 15 септември 2025 (МИА) - Во периодот од 16 до 22 септември 2025 година, тим од Општина Велес и оваа година организира активности со кои ќе биде одбележана Европската недела на мобилност 2025 во соработка со здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании.Првата активост едукативна работилница „Здрави деца,среќни деца“ ќе биде утре наутро со децата од градинката „Димче Мирчев“. Воедно ќе се одржат и едукативни работилници со учениците во Европската куќа на млади и во училиштата. Во рамките на Неделата на мобилност ќе се одржат и еколошки акции за чистење на просторот околу Автобуската станица и на рекреативниот центар „Бабуна“ во близина на Велес.

Како што информираат денеска од Опшина Велес, обезбедени се донации од општествено одговорни компании кои донирале спортски реквизити наменети за општинските основни и средни училишта, а кои ќе им бидат поделени неделава.

Партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на Европската Недела на мобилност 2025 во Велес се Министерството за животна средина и просторно планирање, ОЈУДГ „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес и ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес, како приватни компании.

Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на планираните активности, а посебно да земат учество во еколошките акции во рамките на Европската Недела на мобилност.ад/лв/

фото: плакат 

Остани поврзан