• петок, 05 декември 2025

Во Велес се запалило возило во движење, оштетено и паркирано возило

Во Велес се запалило возило во движење, оштетено и паркирано возило

Велес, 21 ноември 2025 (МИА) - Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 10:30 часот, на улицата „8 Септември“ во Велес, пред Народниот музеј настанал пожар на патничко возило „форд“ во велешки регистарски ознаки во движење, управувано од 52-годишниот  С.Р. од Велес, при што било оштетено и паркирано возило„рено“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 34-годишниот  А.Б. од Велес.

Како што информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. ад/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан