• четврток, 26 март 2026

Во Велес оддадена почит на гробот на Анита Кришан Лозаноска од делегацијата на трагични загинатиот претседател Борис Трајковски

Во Велес оддадена почит на гробот на Анита Кришан Лозаноска од делегацијата на трагични загинатиот претседател Борис Трајковски

Велес, 26 февруари 2004 (МИА) - Делегација на кабинетот на претседателката Гордана Силјавковска Давкова заедно со градоначалникот Марко Колев и советници, денеска на Градските гробишта во црквата „Свети Спас“ во Велес положија цвеќе и запалија свеќи на гробот на Анита Кришан Лозаноска, која беше член на делегацијата на кабинетот на претседателот Борис Трајковски, а го загубија животот на денешен ден во 2024 година во авионската несреќа кај Ротимља, БиХ.

-Со положување свежо цвеќе на нејзиното вечно почивалиште се потсетивме на авионската несреќа во која на овој трагичен ден за  Македонија загубивме  девет човечки животи. Слава им, порача градоначалникот Колев.

Во несреќата покрај претседателот Трајковски загинаа и осумчлената делегација и членовите на екипажот на авионот.ад/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан