• понеделник, 23 декември 2024

Во Велес во завршна фаза изградбата на потпорен ѕид на улица „Кумановска“ над пругата Велес-Битола

Во Велес во завршна фаза изградбата на потпорен ѕид на улица „Кумановска“ над пругата Велес-Битола

Велес,15 февруари 2024 (МИА) - Изградбата на потпорниот ѕид на улица „Кумановска“ во Велес е во завршна фаза со што ќе се обезбеди стабилност на улицата и косината на железничката пруга Велес-Битола, информираат од Општина Велес. Воедно најавуваат дека  по завршувањето на потпорниот ѕид, ќе се продолжи со реконструкција на улицата.

Оваа улица е во новиот дел на Велес, која води кон две институции Завод за школство и Историски архив, како и до ЕВН Велес, а воедно и до двете средни училишта - Хемиското и Гимназијата.

Од Општина Велес упатуваат благодарност до граѓаните кои покажале разбирање и трпение во изминатиот период додека се работеше на изградба на потпорниот ѕид.

Инаку, Општина Велес по долг и макотрпен процес за отстранување на сите административни пречки и обезбедување на потребната документација, градежните работи на изградба на потпорен ѕид над пругата ги започна пред три месеци во средината на ноември. ад/сст/

фото Општина Велес

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан