• среда, 22 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Велес собир на стручњаци од разни профили кои дискутираа за раната развојна проценка кај децата

Во Велес собир на стручњаци од разни профили кои дискутираа за раната развојна проценка кај децата

Велес, 4 јуни 2025 (МИА) - Во големата сала на Општина Велес попладнево  се одржа стручниот настан на тема „Од идентификација до интервенција: рана развојна проценка во пракса“. Настанот ги собра образовниот, здравствениот и стручниот кадар од Велес, со цел да се разговара за значењето на раната проценка и интервенција кај деца со развојни потешкотии. 

Предавачи на денешната дискусија беа д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова – психијатар и м-р Анита Нацевска, специјален едукатор и рехабилитатор од Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација – Скопје.

Аризанкоска Ефтимова психолог, истакна дека доцнењето во развојот кај децата често е поврзано со прекумерната изложеност на екрани и технологија и дека раната возраст од 0 до 3 и од 3 до 6 години е клучна. Тоа се два критични периода преку кои се спроведуваат посебни програми и колку порано се забележи доцнењето, толку поефикасна е интервенцијата.

Преку предавања и дискусии, учесниците имаа можност да разменат искуства, да учат едни од други и да придонесат кон заедничка цел – подобра иднина за децата.

Во дискусијата на собирот беше потенцирано дека матичните лекари се едни од главните водачи во процесот на рана детекција и упатување на децата со сомнеж за развојни потешкотии.

Меѓу присутните беа претставници од основните и средните училишта, воспитувачи, педагози и психолози од градинката „Димче Мирчев“, матични лекари, педијатри, стручни служби од Општата болница Велес, како и тимот од Центарот за стимулација, раст и развој „Старс“. Присуствуваа и логопед, психолог и специјален едукатор од Здравствениот дом, како и претставници од локалната самоуправа.

Настанот заврши со заеднички апел за поголема едукација, меѓусебна соработка и навремено дејствување, како предуслов за здрав и квалитетен развој на секое дете. ад/сст/

Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан