• понеделник, 24 јуни 2024

Во Вевчани пречекани иконите на македонските светители Спасе Вевчански и Спаса Вишенска

Во Вевчани пречекани иконите на македонските светители Спасе Вевчански и Спаса Вишенска

Скопје, 16 јуни 2024 (МИА) – Во Вевчани денеска пред почетокот на светата литургија, со која началствуваа парохискиот свештеник отец Ромео Петрески и свештеникот од храмот „Св. Ѓорѓија“ од Струга, отец Христијан Костоски, беа дочекани иконите на сеправославниот македонски светител, Спасе Вевчански и неговата света сестра, Спаса Вишенска.

Како што посочуваат од храмот „Св. Никола“ од Вевчани, Св. Спасе Вевчански живеел и се подвизувал на Бога во манастирот „Св. Спас Горни“ во Вевчани, кој е посветен на Вознесението Христово - Спасовден. 

– Голема е радоста денеска што го дочекавме овој голем светол и историски чин, се радувам на вашите солзи радосници со кои се поклонувате пред светава икона на нашиов Свети Спасе Вевчански и на Света Спаса Вишенска. Вакви моменти еднаш во животот човек може да ги доживее ако има среќа и затоа, радувајте се, посочил на проповедта парохискиот свештеник отец Ромео Петрески.

Како што стои во соопштението, после светата литургија за сите верници во дворот на црквата била организирана закуска, која била донација од сите вевчански угостителски објекти. ра/лв/

Фото: Храм „Св. Никола“ - Вевчани

Остани поврзан