Во Бугарија пуштена во продажба сребрена монета за 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
- Огромна редица се формира пред зградата на Бугарската народна банка каде денеска почна продажбата на монетата посветена на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Софија, 17 јануари 2022 (МИА) - Огромна редица се формира пред зградата на Бугарската народна банка каде денеска почна продажбата на монетата посветена на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, редицата се создала рано утрото пред да почне со работа БНБ.
Сребрената паричка е со номинална вредност од 10 лева (5 евра). Ова е првата монета што БНБ ја пушти во оптек на почетокот на годината. Има тираж од 3.000 парчиња. нк/