Во бродолом кај Мавританија загинаа 69 мигранти
- Најмалку 69 тела се извлечени од Атлантскиот Океан повеќе од 48 часа по потонување на брод со мигранти кај Мавританија, а десетици луѓе се исчезнати, соопшти денеска Крајбрежната стража на западноафриканската држава.
Нуакчот, 29 август 2025 (МИА) – Најмалку 69 тела се извлечени од Атлантскиот Океан повеќе од 48 часа по потонување на брод со мигранти кај Мавританија, а десетици луѓе се исчезнати, соопшти денеска Крајбрежната стража на западноафриканската држава.
Според претходните податоци, 49 луѓе се удавиле, а околу стотина се исчезнати во бродоломот што се случил 80 километри северно од главниот град Нуакчот.
Официјален претставник на Крајбрежната стража претходно изјави дека на бродот имало 160 луѓе, а дека се спасиле само 17.
Според локалните власти, на бродот имало најмногу државјани на Сенегал и Гамбија. јт/
Фото: ЕПА архива