• четврток, 26 март 2026

Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Белград, 10 јуни 2025 (МИА) - Нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе се одржи денеска во Брисел под покровителство на Европската унија.

Белградската делегација, во која учествуваат бројни експерти, ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија и главниот преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ.

Минатата недела во Брисел беа одржани одделни билатерални средби меѓу Белград и Приштина со медијаторот за дијалог на ЕУ, Петер Соренсен, а потоа беше објавено дека разговорите ќе продолжат. зш/

Остани поврзан