• четврток, 21 ноември 2024

Во Брисел отворена изложбата насловена „Патот на Северна Македонија до НАТО“

Во Брисел отворена изложбата насловена „Патот на Северна Македонија до НАТО“
Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) - Во седиштето на Алијансата во Брисел, попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја отвори изложбата насловена „Патот на Северна Македонија до НАТО“. - Задоволство ми е да ја отворам оваа изложба која го претставува нашиот пат кон Алијансата. Моментот на зачленување во НАТО беше момент за паметење, момент на гордост. Успеавме зашто бевме посветени и зашто ја имавме вашата поддршка, рече министерката на отворањето пред амбасадорите во НАТО. Шекеринска, како што се посочува во соопштението од МО, се заблагодари на претставниците на земјите – членки за сета помош низ годините кон полноправно членство и порача дека тоа Северна Македонија го цени и не го заборава. Помошничката на генералниот секретар на Алијансата за јавна дипломатија, Баиба Браже истакна дека оваа изложба илустрира пат исполнет со посветеност и мудрост. - Вие сте успешна приказна, рече Браже. На изложбата се претставени 28 фотографии од лица и настани кои го одбележаа патот на нашата земја до НАТО, во периодот од 1993 до 2021 година. По изложбата, во просториите на Постојаната делегација на Северна Македонија во Алијансата, министерката Шекеринска им врачи благодарници на повеќе личности кои во рамките на НАТО силно ја поддржуваа и ја помагаа интеграцијата на нашата земја во Алијансата низ годините. ев/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан