• понеделник, 18 ноември 2024

Во Бразил уапсена банда која шверцувала 17 тони кокаин во Европа

Во Бразил уапсена банда која шверцувала 17 тони кокаин во Европа
Рио де Жанеиро, 31 март 2023 (МИА) - Бразилските и европските власти разбија мрежа на шверцери на дрога осомничени дека испратиле повеќе од 17 тони кокаин во Европа, соопшти денеска Европската полициска служба (Европол).

Уапсени се вкупно 15 лица, а запленет е имот во вредност од над 80 милиони евра, се вели во соопштението на Европол.

Се додава дека европската и латиноамериканската полиција разбиле една од „најактивните криминални мрежи во Бразил, која ја преплави Европа со пратки од неколку тони кокаин“.

Бразилската федерална полиција, од своја страна, соопшти дека истрагата траела две години, што овозможило „да се докаже дека оваа организација испратила 17 тони дрога во Европа“.

Полицијата додаде дека запленети се 12 од 17 тони кокаин.

Кокаинот бил произведен во Боливија, а потоа транспортер од Парагвај со камион ја транспортирал дрогата во Бразил. Кокаинот потоа бил префрлен во Европа со големи товарни бродови. Шпедитерски компании камуфлирале лекови во легални пратки без да знаат нивните сопственици.

Француските, германските, шпанските и парагвајските власти соработуваа во таа истрага, соопшти Европол. паг/




Остани поврзан