• петок, 05 декември 2025

Во болница Кавадарци извршена прва лапароскопска уролошка операција 

Во болница Кавадарци извршена прва лапароскопска уролошка операција 

Кавадарци, 8 август 2025 (МИА) - Во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, успешно беше изведена првата лапароскопска уролошка операција кај пациент на возраст од 38 години со дијагностицирана варикоцела, информираа попладнево од Болницата. 

- Операцијата беше изведена од Тони Нешковски и тимот од Одделот за уролошка хирургија, во соработка со проф. Д-р Јован Ивчев, како и со анестезиолошкиот тим предводен од спец. д-р Билјана Еленова, соопштија од Болницата. 

Оттаму упатија честитки до целиот тим. 

Притоа истакнаа дека оваа интервенција претставува значаен чекор напред во развојот на минимално инвазивната хирургија во оваа установа и потврдува, како што додадоа,  дека Општата болница Кавадарци продолжува да го унапредува квалитетот на здравствените услуги во корист на пациентите. свд/

Фото : Болница Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан